Автор:
Никола Писарев, активист на „Замисли“

Драг Дедо Мраз,
Се надевам дека си добар, знам дека деновиве имаш многу работа и ретко идеш навака ама те разбирам, па и кај да дојдеш на плоштад у Скопје ли ? Порано со хеликоптер те носеа, доле накитено, весели деца чекаат со румени обравчиња и насмеани мавтаат со рачињата, со сеа на плоштад ко „судњи дан“ да иде а не Нова Година, стварно срамота е таму да се појавиш те разбирам комплет.
Како да е еве ја после 35-40 години решив пак да ти пишам, не се сеќавам дали ти се заблагодарив за „Експедиција Килиманџаро“ камиончето на даљинско ама да знаеш го добив и уште некаде ја чувам тоа лопатата што стоеше позади кај гепекот многу е убава и квалитетна. Инаку сеа задњиве 30 тина години кај нас лопати има колку сакаш посебно златни, така ги викаме пошто највише се од камен темелници премиериве што ставаат и после нас ни остануваат само лопатите иако најчесто и нив не ги ни перат од бетон, па на крај ни остануваат само рачки.
Иначе драг Дедо Мраз ние овде сме добри, не сме многу добри ама добри сме, уствари катастрофа сме али ај да не те замарам сеа, ама знаеш некако никако да ни тргне, а бе се ќе напраиме демек ќе ни ветат вака ќе биде, така ќе биде и ништо, утка. Знаеш ни ветуваа сѐ и сешто ама не добивме ништо. Ни ветија знаење, а добивме инстант факултети, полесно купуеш диплома од факултет него да завршиш курс за фризер, а бе за 6 месеци дипломираш, да се чудиш.
Па јас памтам ко дете коа се видовме ми кажуваше ирвасите млади да ги издресираш да влечат санка и тие џуџињата да ги научиш да пакуваат поклони ти треба време од Божиќ до Бадник – година време, а овде кај нас, оп 5000 еур и за 5 6 месеци факултет. После ни ветија ЕУ ќе сме иделе ама по пат ние се поделивме едни викаа со брод преку Солун да идеме други со воз преку Бугарија и ние се испокаравме прво меѓу себе а после и по комшии и сеа никој ни ка кафе не ни доаѓа, абе сол да ти затреба на заем до џенемајлија до Брисел треба да идеш. Некои стварно отидоа у ЕУ и со авион со овие евтиниве летови и не се ни враќаат да не видат им се брзаше па не чекаа сите да влеземе у ЕУ него викаат најлесно е еден по еден да влагаме, некои пак од што им се брзаше у гепек се прошверцуваа, ама важно отидоа у ЕУ.
Абе некако у државава кај нас стана важно да се избега гепек не гепек, Маџарска, Косово , Аустрија, не е битно каде важно фатија џаде. Ако нек идат чуму ни се него криво ми е поклоните што беа за нас сите ги собраа, може 2 – 3 милијарди поклони однесоа со себе, а ние си останавме со ручките оние од лопатите што ти ги зборев.
Што се тиче здравје арни сме, фала богу се пазиме, мора да се пазиме годините си идат, па ние кој џогира, кој јога, ја и по риба си идам, кој чија семе се крми, кој комбухи пие ама генерално сме на лукче, лесна храна витамин Ц, супички, лист од цвекло, ракивче, волнени чорапи и слични чариња од твое време. Ти знаеш, најбитно е превентива, пошто кај нас ако се разболиш од диши диши на матичен понатака тешко тебе да стигнеш, или треба да платиш или со господ да си на линија. Некни баш едена другарка ја памтиш може Весна, Весна од југот долу имаа калинки и маслинки у дворот (ѝ донесе барбика еднаш), е па нејзе малиот некој осип и она право на хитна у државно здравство и таму тие оп на Гугл да видат што е, а можда па гледаат Гугл и дека сите доктори ни отидоа надвор по бели свет па сеа онлајн ни помагаат, не забораваат они стари крај. Додуше тие шо отидоа малце и ги избркаа, пошто за овие од партија недоучениве мораше да има работно место.
Друго да ти кажам, све што имавме порано ко доаѓаше, све зезнавме, абе водзух неаме не се дише, смрди растура, у Скопје партали летаат, у Струмица уш полошо. Кај нас у С. Николич и Дојран арно е, ем стално, дува ем 300 метра од ЕУ сме па не вади европска атмосфера. Нас па не зезнаа со езерото, иксрадоа тоа пумпите, државата немала пари за струја и сеа си бега ѓоло, ти текнуе на ѓоло Дојрански сигурно, Ице линиши што ти праќаше у Лапонија за тоа езеро ти зборам. Некни дојде тој министерот Изет, Изет еден го знаеш трчилаж беше ги пушти пумпите ај само 3 од 7те пумпи поправија, ама за 5 дена ги изгасија и тие и толку, сеа па сме на господ оставени.
А бе мака со водите ептен си имаме, една река чиста не остана, едно езеро здраво не остана, све пепел направивме. Го памтиш Климе од Охрид, пастрмки што ти спремаше ко идеше Охрид да делиш подароци, е некни се видовме вика а бе рипче пастрмка не остана, све сотреа со мрежи динамити, струи, плус ни сајбија ни концесија со години нема, а бе хаос.
Него пази и ко ќе идеш навака случајно од Вардар, Пчиња или Брегалница да не им дадеш вода на ирвасите да пијат ќе ги разболиш сите канализации директ идат у реката, и не само у Вардар у сите реки исто е немаме ние пречистителни станици. Затоа жити сѐ пази со ирвасите ќе ги фати драскајца дур летаат ќе пуштаат од горе „бомбици“ па ќе викаат овие „теорија завере“ дека и ти си почнал да не прскаш со алуминиум. У задње време многу ги има тие со алуминиумот ама некогаш изглеа ко стварно да се у право пошто само прскан градоначалник може да те убедуе дека концерт на Карлеуша и слични е културен настан финансиран од општински буџет, а ти знаеш Карлеуша и култура у ист автобус не можеш да ги стаиш, а не у иста реченица, ама они од пари за култура Цеци и Карлеуши финансираат и после па се чудиме зашто не доаѓаш.
Него ај да не те гњавам многу, само да ти кажам една работа – Викаат не си постоел и не веруваат во тебе и твоите чуда, а 30 години им веруваат на политичарите све што ќе кажат, а бе многу глуп народ се намножи, дај чини некое чаре да се опраиме бар малце за греотка сме, пушти ни те молам некоја среќа за Нова Година толку барам, толку ни треба, бар малку да ни се посреќи.
А замисли бе Дедо Мраз да не се крадеше толку, секој по заслуга началник да стануеше, а не по партиска директива, секој работата да си ја работеше, да пазеа луѓево малку, да не беше се со мито и врски, да имавме чисти реки и среќни луѓе кај ќе ни беше крајот, кој ќе беше како нас замисли еј…
Поздрав драг Дедо Мраз и аирлија работа у гужвиве, ако имаш време намини деновиве на една вруќа и кисела зелка, расолот топ ми искочи годинава.




Напишете коментар