Граѓаните да се обединат за вистински луѓе на вистински места

Партизација, клиентелизам, поларизација, загадување, сообраќаен хаос и слаби здравствени услуги – на ова ни се пожалија велешани на дебатата “Кажи си ја маката”, втора од серијата трибини на Граѓанската сила “Замисли” што вчера се одржа во Европската куќа во Велес....

Колку вреди Ељведин Ферати?

„Колку вреди животот во Македонија“ плачеше потресно сестрата на убиената, а нејзините солзи ни ги параа срцата. Но, драго девојче, тоа е многу лесен и многупати потврден одговор  – ништо! Нула! Не вреди ништо! Затоа, прашањето тука е друго –...

Обвинителство: Измените на КЗ страшно влијаат на истрагата за Кочани!

Не може да се објасни во кој обем ни се истурија на глава скандалозните измени на Кривичниот законик, ние сме сега во една невидена трка со времето за воопшто да може да се покренат обвиненија – велат загрижени извори од...

Поддршка од Министерството за здравство за акцијата на “Замисли”

Претставници на “Замисли” ќе бидат дел од работните групи кои ќе го изработуваат новиот Закон за здравствена заштита, а од медиумите побараа да се врши јавен притисок и за овој процес да биде максимално транспарентен и за надлежните да си...

Димитров: Ако Европа сака да ја биде, уште веднаш да се префрли од убави говори на храбри одлуки!

„Стариот континент мора да испорача визија и за неа да се бори во еден глас. Во една таква Европа, нема да има место за тесни национални интереси, историски ревизионизми и вета за прашања што не смее да бидат прашања во...

Партиите ги користат апатијата и граѓанските поделби

Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“ и Граѓанската сила „Замисли“ вчеравечер организираа отворена дебата „Кажи си ја маката“ со граѓаните на Струмица и југоисточниот регион од земјава. Целта на настанот што се одржа во просториите на „Europe House”  беше активистите...

По повикот на „Замисли“, граѓаните алармираат за нефер практики при вработувања во здравството

За само неколку дена веќе добивме преку 20 дописи со сведоштва за партиски влијанија, непотизам и корупција при вработување на здравствените работници. Ангажирани во време на ковид пандемијата, кога на македонското здравство му беше најтешко, за да на крајот, после...

Црни точки

Фросина ја уби државата. Државата што триесет години, организирано и систематски, овозможува разгалените синчиња со политичка заштита, сѐ додека се живи, пред очите на Законот да бидат само „деца“, кои секогаш заслужуваат поправен. Катарина Синадиновска новинар и соосновач на „Солуција“...

Каков мир замислува Трамп

Отсуството на војна не секогаш значи дека некој живее во мир. Студената војна не беше мир, како што ни руската чизма врз источна Европа или американските интервенции низ светот не беа мир, туку прокси-војни на еден студен конфликт помеѓу две...

Будали со идеали

„Зошто не функционира демократијата?“, го прашав во едно интервју поранешниот премиер на Грција, Јоргос Папандреу. „Демократијата си функционира сосема ОК, ова што го гледаме и нѐ фрустрира се вика поинаку – клептократија“, ми одговори тој некаде во 2021, само неколку...