Фото: Hush Naidoo, Unsplash
Откако во понеделникот предупредивме дека укинувањето на дискреционото право во вработувањето на лекарите и здравствените работници (што се славеше како успех во Собрание) не е доволно – денеска министерот за здравство Азир Алиу јавно кажа дека во неговиот предлог измени што веќе е објавен на ЕНЕР ќе бидат инкорпорирани сите наши главни забелешки! Комисијата за избор да ја избере Стручниот колегиум, огласот да не се објавува и кратко и скришно за да го видат само тие за кои е наменет, сериозни измени во бодувањата итн…,итн…
Комисијата за селекција на кандидатите отсега да не ја предлага директорот на здравствената установа, туку стручниот колегиум и тоа за секое огласено работно место посебно. Ова е само еден од реформските чекори за коишто се залагаат „Солуција“ и “Замисли“ кои што се прифатени од Министерството за здравство и ставени меѓу предлог измените на Законот за здравствена заштита (во понатамошниот текст, Законот) објавени деновиве.
Ресорниот министер Азир Алиу го исполни своето јавно ветување, и едно од најзначајните барања на „Солуција“ и „Замисли“ со цел мерит систем при вработувањата е ставено меѓу предлог измените на Законот, објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР.
„Солуција“ и “Замисли“ заедно со Македонското здружение на млади правници, Клубот на млади лекари и Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари веќе три години работат на измените на Законот, и како што истакна и претседателот на „Солуција“, Никола Димитров на брифингот со новинарите неделава, досега соработуваа со четворица министри за здравство, а само актуелниот министер Алиу ги вклучи во работната група за измените.
Што предлагаа „Солуција“ и “Замисли“, а Алиу го прифати
Димитров во таа прилика предупреди дека иако на 11 февруари беа изгласани измени на Законот на предлог на група пратеници од опозициската „Левица“, со коишто се укина дискреционото право на директорите при вработувања, тоа не е доволно и дека потребни се и други измени за конечно да профункционира меритократијата при вработувањата во јавното здравство. Во меѓувреме, од Министерството беа добиени сигнали дека и другите предлози на “Солуција“ и „Замисли“ ќе бидат ставени во предлог законските измени.
Па, така, на ЕНЕР може да видиме дека се предлага огласите за вработување да се објавуваат на интернет-страниците на Агенцијата за администрација, Агенцијата за вработување и на сајтот на јавната здравствена установа, токму како што предлагаа „Солуција“ и „Замисли“, а не како досега, само во дневниот печат со рок за пријавување од пет дена. Се предлага и зголемување на рокот на траење на огласот за да се овозможи да се пријават поголем број заинтересирани кандидати. Досега имаше случаи каде огласот се објавуваше во четврток, а траеше до недела, за намерно да го видат само оние што е договорено да аплицираат на него.
Уште еден предлог на иницијативата е прифатен, а тоа е самата постапка за вработување да се спроведува во три фази и тоа административна селекција, прелиминарна селекција и интервју, а комисијата за селекција ќе биде составена од редот на здравствените работници вработени во установата од областа за која се врши селекција.
Еден од настаните што „Солуција“ и „Замисли“ ги организираа за да ја запознаат јавноста со предлог-промените во Законот за здравство
Промена има и во делот на бодирањето на кандидатите во зависност од успехот во високообразовната установа, односно средното училиште, резултатите од стручниот дел кој се полага електронски, познавањето на еден од светските јазици и интервјуто.
Заради досегашната практика и покрај постигнатиот успех во студирањето, најдобрите студенти да не можат да се вработат, со измените на Законот се предвидува можноста за вработување на најдобрите по успех дипломирани доктори на медицина на Медицински факултет во Македонија, кои доколку се пријават на оглас за вработување имаат приоритет и во тој случај не се спроведува постапка за селекција на кандидат, туку истите приоритетно се вработуваат во јавната здравствена установа.
Правилно планирање на специјализациите
„Се водиме од принципите на транспарентност и отчетност и сите конструктивни забелешки, мислења и сугестии ќе бидат земени предвид во финалната верзија на новиот предлог закон за здравствена заштита. Од досегашната примена на Законот произлезе потреба да се направат измени и дополнувања во делот на постапката за вработување здравствени работници и соработници во ЈЗУ, статусот на директорите на јавните здравствени установи, специјализациите и супспецијализациите, како и условите за пензионирање на здравствените работници и работа по пензионирањето, како и усогласување со други прописи“, појасни министерот за здравство, Азир Алиу.
Инаку, меѓу останатите позначајни предлог измени на Законот е онаа што предвидува во иднина Владата покрај програмите за државни специјализации и ко-финансирани специјализации, да донесува и програма со која ќе се определи бројот на приватни специјализации, односно супспецијализации, соодветно на потребите за медицински кадри. Сѐ ова со цел правилно планирање на потребите за специјалистичките и супспецијалистичките кадри во државата и можностите за спроведување на специјализациите и супспецијализациите.
Министерот за здравство Азир Алиу: Се водиме од принципите на транспарентност и отчетност и сите конструктивни забелешки, мислења и сугестии ќе бидат земени предвид во финалната верзија на новиот предлог закон за здравствена заштита.
Потоа, се зголемува и возраста за ангажирање искусни кадри доктори на медицина од дефицитарни специјалности/супспецијалности и искористување на нивната стекната стручност. За овие лица се овозможува од 67 години до навршување 70 години возраст со договор да бидат ангажирани во здравствени установи во мрежата и да ја задржат пензијата. Ангажирањето ќе биде врз основа на согласност од Министерството за здравство и Фондот за здравственото осигурување, доколку нема повеќе услови за извршување на определена здравствена дејност или за извршување на непрекината дејност.
Построги регулирања на фискализацијата и лиценцирањето
Исто така, се предвидува и глоба од 200 до 1.000 евра за микро правни лица, од 200 до 2.000 евра за мали правни лица, од 500 до 6.000 евра за средни правни лица и од 500 до 10.000 евра за големи правни лица ако не се издаде фискална сметка за извршената здравствена услуга на пациент кој плаќа со лични средства. Истите глоби се предвидени за здравствените установи ако барем половина година пред затворањето (престанокот со работа) не го известат Министерството за здравство и корисниците на здравствените услуги за одлуката.
Такви казни има и ако здравствените установи не го утврдат начинот на издавањето, продолжувањето, обновувањето и одземањето на лиценцата на здравствените работници. Глоба е предвидена и за директорот и за јавната здравствена установа ако го тераат здравствениот работник да дежура против негова волја, а е на возраст над 59 години за маж и 57 години за жена. Казни се предвидени за јавните здравствени установи што нема да формираат Комисија за следење на квалитетот.
Со измените во Законот за здравствена заштита се детерминира Комисијата за квалитет до Министерството за здравство да мора да го достави мислењето за смртта на секој пациент поединечно најдоцна до крајот на месецот кој следи по месецот во кој настапила смртта.
Се предвидува и забрана за преземање кадар од примарно и секундарно ниво во терциерни установи, со цел спречување краткорочни вработувања за трансфер. Најдобрите дипломирани доктори по медицина ќе имаат приоритет при вработување без спроведување селекциска постапка.

претходна објаваПоранешната директорка на Токсикологија ќе враќа над 10 илјади евра за незаконски исплатените хонорари
следна објава Укинувањето на дискреционото право на директорите на болници влегува во Собрание

Напишете коментар