
Демократизацијата на политичките процеси е важна за отворање на партиите внатре и квалитетот на предложените политики воопшто.
Автор:
Ристе Костовски, магистер по економски науки

На овој степен на развојот на производните сили и производните односи, демократијата и регионалната соработка се од исклучителна важност за развојот на Македонија. Демократизацијата на политичките процеси е важна за отворање на партиите внатре и квалитетот на предложените политики воопшто. Демократијата може да се набљудува на разни нивоа. Регионалната демократија е важна за интегрирање во ЕУ, локалната демократија е важна за локалниот економски раст и развој.
Учеството на младите во општествените процеси и општествениот развој е од исклучителна важност за носење кредибилни младински политики, со кои што се јакне довербата на младите во системот. На таа оска потребна е трансформација и на останатите потсектори.
Имено, потребни се семејни политики и воопшто соодветен демографски модел. Во таа насока потребно е носење соодветно решение за домување. Потребен е оптимален модел на домување и зголемување на квалитетот на истото. За природниот прираст потребни се пронатални политики на кои ќе се следи ефективноста и ефикасноста. За таа цел здравствената политика треба да биде насочена кон квалитет и подобрување на неонаталното здравје, како и сите останати индикатори. За подобрување на квалитетот на живот, потребна е работа на квалитетот на животната средина и намалување на загадувањето.
Образованието треба да се прилагоди на потребите на пазарот на труд и да се следат ефектите од школувањето со акцент на благосостојбата кај децата и младите.
За поголема општествена стабилност и доверба, потребно е да се стави фокус на интегритетот во доброто владеење со цел да се избегнат и намалат ризиците од корупција која негативно влијае врз очекувањата кај граѓаните.
Во економскиот дел потребно е да дефинираме каков развоен модел сакаме. Имено, треба да се направи мапирање на сите расположливи ресурси во економијата и дефинирање на сектори со најголем потенцијал и трансформациска моќ..
Навраќајќи се на демократијата спомената претходно, потребен е фокус на правилна енергетска транзиција и енергетска демократија, со цел зголемување на одржливоста на енергетскиот систем. Туризмот треба да се трансформира во одржлива услуга која ќе ги максимизира очекувањата кај консументите. На тој начин, туристичкиот сектор ќе даде подобри економски ефекти. Аграрот треба да се трансформира во гранка која ќе се темели на еколошки стандарди и иновации. Економијата треба да се базира на знаење и технолошки развој.
Економскиот развој во нашата држава треба да се базира на човековите права за поголема благосостојба на луѓето.




Напишете коментар